Во експлозија на камион-бомба што се случила во градот Беледвејне, во Сомалија, загинале најмалку 15 лица, а повредени се 40 луѓе, соопшти локалната полиција.

Не е објавено кој го извршил нападот, но се претпоставува дека станува збор за исламистичката група Ал Шабаб, која често изведува бомбашки напади во Сомалија.

Властите на сојузната држава Хиршабел го потврдуваат бројот на загинати во нападот и додаваат дека состојбата на 20-ина ранети е критична.

Слабо населениот Хиршабел е центарот на најновата воена офанзива на сомалиската влада против упориштето на екстремистите од источноафриканскиот огранок на Ал Каеда – Ал Шабаб.

Оваа група, која често извршува слични напади и контролира делови од Сомалија, засега не ја презеде одговорноста за нападот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.