На социјалните мрежи кружи видео кое наводно покажува како украинските сили во Бахмут, со наведувана противтенковска ракета разнесуваат група од седум руски војници кои се движат во ров, пренесува „Њузвик“.

Видеото е објавено на Телеграм каналот на украинската политичка партија „Трета сила“.

Третата сила продолжува во Бахмут да ги фаќа платениците на Вагнер. Благодарение на храбрата пешадија која го држи Бахмут, можеме да ги најдеме и уништиме руските јуришници. Ловот продолжува, пишува во опис на видеото.

Нема независна потврда дека овој настан се случил како што се наведува во објавата, ниту дека навистина се работи за припадници на руската паравоена единица Вагнер.

Не е позната ниту судбината на војниците кои биле погодени од ракетата, но може да се претпостави дека во овој случај најверојатно имало мртви и тешко ранети.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.