Девојка, чие безживотно, полуголо тело, снимено во камионет на припадниците на Хамас, додека милитантите седеле крај телото и славеле, идентификувано е како државјанка на Германија, Шани Лук, тату уметничка.

Оваа 30 годишна девојка, била на музичкиот фестивал кога ја заробиле терористите во Израел во моментот кога го извеле ненадејниот напад, во кој се убиени најмалку 480 и ранети повеќе од 3.000 луѓе.

Нејзиното безживотно тело фрлено е во приколка на камионет, а на снимките кои кружат по социјалните мрежи се гледа дека телото е унакажано, додека околу него група мажи, слават и плукаат на Шанин.

Хамас тврдел дека убиената девојка е израелски војник, но роднина на Шанин, Томасина Вејнтрауб Лук рекла за Дејли Мејл дека членовите на семејството ја препознале по тетоважите и фризурата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.