Палестински медицински извори во Појасот Газа соопштија дека по целосното повлекување на израелските сили од внатрешноста на болничкиот комплекс Ал Шифа и неговата околина, западно од градот Газа, пронајдени се безживотните тела на стотици убиени цивили.

Локални извори потврдуваат дека претходно израелските сили целосно се повлекле од болницата Ал Шифа и околните станбени области и се движеле кон областите јужно од населбата Тал Ал-Хава, југозападно од градот Газа, пренесува палестинската новинска агенција Вафа.

Според очевидци, израелските сили ги запалиле сите згради на болницата Ал Шифа и ја направиле целосно неупотреблива.

Медицински извори објасниле дека израелската армија целосно уништила повеќе катови во зградата на специјализираните болнички одделенија, а го запалила и остатокот од комплексот, вклучително и одделот за итни случаи, уништувајќи ја целата медицинска опрема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.