Финската премиерка Сана Марин повторно се најде на удар на критики откако во јавноста излезе уште едно нејзино видео.

Претходно во финските медиуми веќе беше објавено видео, комбинирано од неколку приказни на Инстаграм, каде што може да се види како таа се забавува во приватен стан, а новото видео ја прикажува Марин во ноќен клуб како танцува со непознат човек.

На видеото, 36-годишната премиерка може да се види како танцува со рацете околу вратот на непознат маж, пишува Daily Mail.

Сведок од ноќниот клуб за тамошните медиуми раскажал дека премиерката танцувала на ист начин со уште неколку мажи.

„Таа беше во прегратки на двајца луѓе. Таа, исто така, ја стави раката на еден од мажите и тој нежно ја држеше. Со другарка ми се запрашавме дали е уште мажена, прстенот и беше на раката“ – изјавил сведокот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.