Тајна мрежа на шпиони и командоси (специјални сили) на САД и нивните сојузници и помагаат на Украина, вклучително и со обезбедување разузнавачки информации, додека десетици командоси од голем број земји на НАТО работат на украинска територија, пишува „Њујорк Тајмс“, цитирајќи извори.

Според весникот, кој се повикува на американски и европски функционери, украинските трупи зависат од помошта на САД и нивните сојузници, вклучително и „скриена мрежа на командоси и шпиони“ кои обезбедуваат оружје, разузнавачки информации и обука. Забележано е дека најголемиот дел од оваа работа се врши надвор од Украина, на пример, во базите во Германија, Франција и Велика Британија.

Во исто време, на територијата на Украина работат „неколку десетици командоси“ од земјите на НАТО како Велика Британија, Франција, Канада и Литванија, нагласува американскиот весник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.