Војната во Украина, блискоисточната криза предизвикана од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и вештачката интелигенција (АИ) ќе бидат во фокусот на италијанското претседавање со организацијата Г7 во 2024 година, изјави денеска италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани.

„Западот продолжува да покажува голема солидарност со Украина, а фокусот на организацијата Г7, со која ќе претседава Италија од 1 јануари, ќе бидат Украина, Блискиот Исток и вештачката интелигенција (АИ)“, рече Тајани во интервју за информативната програма Матино Чинкве (Matino Cinque), пренесува италијанската новинска агенција АНСА.

Според Тајани, приоритет останува помагањето на Украина да го одбрани својот територијален интегритет.

„Италија ќе продолжи да дава свој придонес (со обезбедување) сеопфатна помош за Украинците“, додаде Тајани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.