Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на САД со која се укинува правото на абортус на федерално ниво ќе предизвика здравствени проблеми и смрт.

„Сите жени треба да имаат право да одлучуваат за своето тело и здравје. Тоа е поентата“,изјавил Тедрос Аданом Гебрејезус во Женева. „Безбедниот абортус се грижи за здравјето. Така се спасуваат животи. Ограничувањата ќе ги принуди жените и девојките да абортираат на небезбеден начин, што ќе предизвика компликации и смрт“, додаде тој.

Врховниот суд на САД во петокот ја укина одлуката која важеше 50 години, гарантирајќи го правото на абортус ширум САД. Судот со таа одлука го олесни усвојувањето на построги закони за абортус, вклучително и целосна забрана во сојузните држави.

Законите за забрана стапија на сила веднаш во некои држави. Во многу од нив, лекарите може да завршат во затвор поради абортус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.