Експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Абди Махамуд изјави денес дека СЗО од ноември внимателно го следи новиот сој на коронавирусот Б.1.640.2, кој го регистрираа научници во Франција.
Постојат три вида соеви – оние кои ги следиме, оние кои предизвикуваат интерес и оние кои предизвикуваат загриженост, кажа Махамуд на брифинг во Женева.
Додаде дека СЗО од ноември го следи сојот Б.1.640.2, како и неговите две подваријанти.
Според него, СЗО ќе продолжи да го следи тој сој, вклучувајќи го и неговото можно ширење во други европски земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.