Директорот на Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге денеска изјави дека ова тело се подготвува за можни „хемиски напади“ во Украина.

– Со оглед на неизвесноста на моменталната ситуација, нема гаранција дека војната нема да се влоши, порача Клуге во изјавата испратена до новинарите од Лавов во Украина.

Тој истакна дека СЗО ги разгледува сите можни сценарија и подготвува одговор за различни ситуации кои би можеле да го погодат народот на Украина.

– Од континуирано лекување на масовни жртви, до хемиски напади, додаде Клуге, без да открие дополнителни детали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.