Светската здравствена организација издаде предупредување во кое се наведува дека во Појасот Газа има вода, струја и гориво уште само за 24 часа, пред да се случи „вистинска катастрофа“.
Регионалниот директор на СЗО, Ахмед Ел Мандари, истакна дека на конвоите со помош кои моментално се заглавени на граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет, мора да им се дозволи да стигнат до погодената територија.
Доколку не пристигне помош, лекарите ќе мора да подготват потврди за смрт за своите пациенти“, изјави Ел Мандари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.