Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на корона вирусот, откако соопшти дека заразата веќе не е глобална здравствена вонредна ситуација.

Пред три години, на 30 јануари 2020 година, Комитетот за итни случаи на СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради корона вирусот, потсетуваат британските медиуми.

Ваквиот статус помогна меѓународното внимание да се фокусира на здравствената закана, како и да се зајакне соработката за вакцини и третмани.

Укинувањето на вонредната состојба е знак за напредокот што светот го постигна во оваа област, но коронавирусот сè уште е присутен, соопшти СЗО, иако тоа повеќе не претставува вонредна состојба.

Во меѓувреме, над 6,9 милиони лица починаа од последиците на корона вирусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.