Светската здравствена организација е загрижена поради растот на случаи на Ковид-19 во Кина и ја поддржува владата да ги фокусира своите напори на вакцинирање на луѓето со најголем ризик низ целата земја, изјави денеска шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој потенцираше рече дека е „многу загрижен“ поради бранот новозаразени без преседан во Кина и го повика Пекинг да обезбеди детални информации за сериозноста на ситуацијата.
СЗО е многу загрижена поради развојот на ситуацијата во Кина, рече Тедрос на неделната прес-конференција, апелирајќи за детални информации за сериозноста на болеста, приемите во болница и на интензивна нега.
Изјавата доаѓа откако германската Влада потврди дека ја испратила својата прва серија на вакцини БиоНТек против Ковид во Кина, кои првично ќе се администрираат кај германските иселеници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.