Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој е во посета на Јужна Африка, порача дека очекува акутната фаза на пандемијата да заврши оваа година, под услов, 70 отсто од светското население да биде вакцинирано до средината на годината, односно до јуни и јули.
Тоа е во наша моќ. Тоа е прашање на избор – нагласи Гебрејесус.
Директорот на СЗО ги посети лабораториите на биотехнолошката компанија „Африген“ со седиште во Кејптаун, која ја произведе првата вакцина против Ковид врз основа на гласник РНК во Африка.
Произведена со секвенционирање на јавно достапниот генетски код на лабораторијата „Модерна“, оваа вакцина ќе биде подготвена за клиничко испитување во ноември, а нејзиното одобрување е планирано за 2024 година.
Оваа вакцина ќе биде подобро приспособена на условите во кои ќе се користи, со помали барања за складирање и пониска цена – изјави Тедрос.
Проектот на „Африген“ е поддржан од СЗО и од меѓународниот механизам за пристап до вакцини Ковакс.
Само 11 отсто од Африканците се вакцинирани, што е најниска стапка во светот. Континентот мора „шесткратно да ја зголеми стапката на вакцинација“ против корона вирусот за да се надева на исполнување на планот за вакцинација од 70 отсто поставен за крајот на првата половина од 2022 година – соопшти СЗО во Африка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.