Окружниот суд во Москва денеска издаде налог за апсење во отсуство по вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални – Јулија Навални, поради наводно учество во екстремистичка заедница.

Јулија Борисовна не им беше достапна на истражните органи во претходната истрага. Во врска со тоа, издадена е потерница – се наведува во соопштението на судот, пренесува Известија.

Се појаснува дека Судот одлучил да донесе превентивна мерка против Јулија Навална откако ја разгледал претставката на истражните органи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.