Цените на гасот во Европа силно пораснаа во понеделникот, имајќи ја предвид загриженоста на трговците од судирот во Израел и затворањето на цевководот во Балтикот поради можно истекување.
На централната европска платформа за тргувае со гас TTF во Холандија, цените на терминските договори со рокови за испораи за еден месец пораснаа за 10 отсто во однос на затворањето на тргувањето минатиот петок, на 41,80 евра за мегават/час.
Трговците го објаснуват скокот со затворањето на финско-естонскиот гасовод „Balticconnector“ поради падот на притисокот во цвководт во текот на викендот. Финскиот оператори „Gasgrid“ не ја исклучи можноста од истекување на гсот, додавајќи дека сѐ уште се прават обиди да се утврди причината за падот на притисокот.
Овој инцидент сѐ уште не претставува закана за снабдувањето со гас во Европа, меѓутоа ја истакнува ранливоста на мрежата за снабдување, особено по саботажите со експлозиите на четирите цевководи од гасоводите Северен тек 1 и 2 минатата година, со кои дефинитивно беа прекинати руските испораки на енергенсто во Германија и натаму во Европа.
Трговците, исто така, го поврзуваат поскапувањето и со можноста од ескалација од судирот меѓу Израел и радикалното палестинско движење Хамас.
Цените на нафтата во понеделникот претпладнето посилно реаггираа на судирот од цената на гасот, имајќи дека регионот на Блискиот исток е клучен произведувач и дека вложивачите стравуваат од поголема дестабилизација на регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.