Суд во Луизијана, која е една од 13-те држави кои го забранија абортусот по одлуката на Врховниот суд на САД, одлучи привремено да ја запре примената на законот со кој ќе се забрани абортусот во таа сојузна држава. Спроведувањето на законот за забрана на абортусот е блокирано на 14 дена и во Јута. Барања за блокирање на законот се поднесени и во Флорида и Аризона, пишува „Гардијан“.

Случајот пред судијата во Њу Орлеанс го претставиле претставниците на клиниката „Хоуп Медикал Груп“, една од трите болници во Луизијана каде што се вршат абортуси.

Спроведувањето на законот е блокирано и во Јута. Таму Судот одлучил дека законот за забрана на абортусот нема да важи 14 дена за да се види дали има аргументи за оспорување на законот.
Абортусот во Јута е дозволен со закон во мал број случаи – поради силување, инцест или ако е загрозено здравјето на трудницата.

Судот во Флорида се очекува да донесе одлука во четврток, само еден ден пред да стапи на сила законот.

Главните обвинители од 21 држава и од округот Колумбија во заедничка порачаа рекоа дека „абортусот е дел од здравствената заштита“.

Како главни обвинители на нашите држави, со гордост велиме заедно дека нема да отстапиме во борбата за заштита на правата на бремените луѓе во нашите држави и низ целата земја – се вели во соопштението.

Од саботата, абортусот е забранет во 11 сојузни држави, а некои клиники за абортус веднаш по судската одлука ги откажале закажаните термини за жените и ја „паузирале“ нивната работа. Во текот на викендот низ САД се одржаа протести, а во знак на солидарност се одржаа собири и во Лондон и Берлин. Се собраа и поборниците за забрана на абортусот, а еден од поголемите контрапротести се одржа во Мајами.

Американскиот претседател Џо Бајден оцени дека по одлуката на американскиот Врховен суд дека здравјето и животот на Американките се во опасност.

Ова е тажен ден за судот и за државата – изјави Бајден во обраќањето во Белата куќа по пресудата, додавајќи дека таа ја враќа Америка 150 години назад.

Како што пишува „Гардијан“, се очекува дека 26 сојузни држави во САД дефинитивно ќе го забранат абортусот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.