Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Вилнус, во пресрет на дводневниот самит на НАТО, изјави дека на овој состанок се уште е можно да се добие позитивна одлука за членството на Шведска.

Се уште е можно да се добие позитивна одлука за шведското членство овде во Вилнус, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со литванскиот претседател Гитанас Наусед, еден ден пред дводневниот самит на НАТО.

Тој додаде дека вечерва ќе има средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведскиот премиер за да се обиде уште еднаш да најде решение.

Напорно работиме Шведска да стане членка што е можно поскоро, додаде Столтенберг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.