Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Украина продолжува да нанесува „тешки загуби“ на Русија по некои од „најинтензивните борби“ од почетокот на војната во февруари 2022 година.
Украинците можат да им нанесат големи загуби на руските сили, како во однос на војниците, така и во однос на борбениот капацитет“, рече Столтенберг на прес-конференција во Брисел.
Тој додаде дека овие воени загуби биле нанесени во текот на последните недели.
Покрај тоа, Столтенберг на прес-конференција во Брисел ја повика Турција да го ратификува приемот на Шведска во Алијансата „што е можно поскоро“.
Шведска ги исполни своите ветувања и сега дојде време Турција да го финализира пристапниот процес“, изјави Столтенберг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.