Светот мора да биде подготвен за „долгата војна“ во Украина, предупредува генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Столтенберг вели дека војната може да трае со недели, месеци или дури неколку години, додавајќи дека сојузниците и „наметнуваат големи трошоци“ на Русија преку санкции за да помогнат да се скрати времетраењето на конфликтот.
Тој додава дека ако војната трае долго, ризикот е првенствено врз народот на Украина „кој ќе страда повеќе, кој ќе види повеќе убиства и уништувања“.
Столтенберг вели: „Но, се разбира, се додека војната продолжува, ќе има ризик за ескалација надвор од Украина и на тоа е фокусирана НАТО, да ја спречи таа ескалација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.