Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди дека сојузниците на Украина мора да се подготват за „тешка исцрпувачка војна“.

Мораме да бидеме подготвени за војна на долг рок. Бидејќи она што го гледаме е дека оваа војна сега стана исцрпувачка војна, изјави Столтенберг по средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.

Тој додаде дека и војната во Украина на крај ќе заврши на преговарачка маса.

Но, знаеме дека тоа што се случува на преговарачката маса е тесно поврзано со ситуацијата на теренот, на бојното поле, посочи Столтенберг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.