Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека НАТО не сака војна со Русија.
Зборувајќи во Брисел по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки, Столтенберг изјави дека НАТО е „одбранбен“ сојуз.
Нашата основна цел е да ги заштитиме нашите 30 нации. Ние не сме дел до овој судир, но имаме одговорност да обезбедиме тој да не ескалира и да не се шири надвор од Украина. Тоа би било уште поразорно и поопасно – порача Столтенберг, пренесува „Гардијан“.
Столтенберг предупреди дека деновите што следуваат „веројатно ќе бидат полошои“, затоа што се очекува дека руските сили ќе донесат потешко оружје и ќе ги продолжат своите напади ширум Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.