Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека во Европа во моментов се случува најголемото трупање војници по Студената војна.

Столтенберг предупреди дека бројноста на руските сили што се распоредуваат во моментов, далеку го надминува потребниот број на трупи за воени вежби.

Нема сомнеж дека сега имаме најголема концентрација на воени сили во Европа од крајот на Студената војна – истакна Столтенберг за германската телевизија „Зе-Де-Еф“, предупредувајќи дека Русија сега има капацитет да изврши инвазија без предупредување



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.