Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во седиштето на Алијансата во Брисел, изјави дека сите податоци насочуваат кон тоа дека Иран ѝ доставува на Русија дронови, што се користат против Украина.

Столтенберг истакна дека го повикуваат Иран да не ѝ доставува на Русија ниту дронови, ниту ракети, ниту ракетни делови, затоа што тоа претставува кршење на резолуциите на Обединетите Нации.

Столтенберг ги повика сите земји, вклучително и Иран, да не ја поддржуваат руската војна во Украина.

Според Столтенберг, Путин направил голема грешка со војната, не успеал во Украина, но, не се откажал од војувањето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.