Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги осуди, како што ги нарече, „ужасните и неселективни“ ракетни напади на Русија врз цивилни мети во Украина.

Столтенберг информираше дека разговарал со украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба и ветил континуирана поддршка на НАТО за Украина, „колку и да биде потребно“.

Украинската полиција соопшти дека во рускиот координиран ракетен напад врз неколку украински региони, вклучително и градовите Киев, Лавов и Харков загинале најмалку десет луѓе, а повредени се приближно 60 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.