Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави дека претседателот на Русија, Владимир Путин утре во Санкт Петербург ќе го прими директорот на Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси.

Гроси претходно најави посети на Украина и на Русија во обид да се договори за воспоставување безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје, што од март е под контрола на руските сили, а нејзината безбедност е загрозена поради борбите помеѓу руските и украинските сили.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на локацијата на најголемата нуклеарна централа во Европа, што ја зголемува загриженоста за потенцијална нуклеарна катастрофа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.