САД ќе испратат на Украина нов пакет помош во вредност од 200 милиони долари, соопшти денеска Стејт департментот.

„Овој пакет вклучува противвоздушна муниција, артилериски гранати и дополнителна опрема за чистење мини“, се вели во соопштението. Во него се додава дека Русија „ги убива украинските цивили и ја уништува цивилната инфраструктура секој ден“, а во исто време, се посочува, придонесува за глобалната несигурност за снабдувањето храна храна преку уништување на украинските цивилни пристаништа и инфраструктурата за жито.

„Русија ја започна оваа војна и може да ја заврши во секое време со повлекување на своите сили од Украина и прекинување на бруталните напади“, соопшти Стејт департментот.

Нагласено е дека додека Русија не го стори тоа, САД и нивните сојузници и партнери ќе и помагаат на Украина онолку колку што е потребно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.