Американскиот Стејт департмент објави соопштение во кое се вели дека САД нема да ја притискаат Украина да влезе во НАТО.

Нема да го коментиаме ставот на другите членки на НАТО, но ние постојано зборуваме дека суверените држави имаат право самите да ги бираат своите сојузи и да носат сопствени одлуки за безбедноста. И зборувавме дека во однос на оваа војна нема да ја притискаме Украина, ниту која било друга земја да пристапи или не во НАТО – се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Во изјава, пак, за руски медиуми, претставник на на Стејт департментт изјави дека САД се подготвени за дипломатски чекори за решавање на кризата во Украина.

Доколку постојат дипломатски чекори коишто украинската влада ги смета за корисни, подготвени сме да ги направиме – изјави претставникот на Стејт департментот, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, дека Западот не учествува во решавање на кризата во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.