Алијансата денеска излезе со првична проценка дека во војната во Украина досега се убиени меѓу 7.000 и 15.000 руски војници.

Русија претрпе меѓу 30.000 и 40.000 загуби во персонал, бројка која вклучува жртви, исчезнати, повредени и заробени војници.

Ова е прва јавна оценка на НАТО од почетокот на руската инвазија на Украина.

Анонимен функционер на НАТО, кој ги презентира податоците, изјави дека проценката е комбинација на податоци од украинската Влада, индиции од Русија и информации од теренот.

Американската Влада, од друга страна, одбива да објави проценки, наведувајќи дека досега достапните информации не се веродостојни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.