Приближно 60% од странските делови на руското оружје што се користи на бојното поле во Украина доаѓаат од Кина, изјави денеска Владислав Власјук, советник на украинскиот претседател.
„Ако ги земете сите вообичаени видови оружје и ги броите компонентите произведени во странство, околу 60% ќе бидат од Кина. Имавме долги разговори со некои производители за ова. Би рекол дека НР Кина е најголемиот проблем“, рече Власјук.
Советникот на Володимир Зеленски рече дека некои од важните делови што се користат во надзорот, беспилотните летала и ракетите доаѓаат од САД, Холандија, Јапонија и Швајцарија, заедно со други западни земји.
По почетокот на руската агресија врз Украина во февруари 2022 година, меѓународната заедница воведе трговски санкции кон Москва, но Русија оттогаш успеа да ја снабди својата воена машина со западни микрочипови и полупроводници, пишува Reuters.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.