Марк Регев, еден од високите советници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за Би-Би-Си изјави дека Израел прави „максимални напори“ да избегне цивилни жртви, по предупредувањата од сојузниците и САД за бројот на убиени Палестинци.

Регев истакна дека цивилите не се цели, а нивната заштита е отежната од Хамас кој ја „вградува својата воена терористичка машина … меѓу цивилните населби“.

Тој рече дека израелските одбранбени сили се обидуваат да бидат „колку што можат хируршки прецизни во многу тешка борбена ситуација“ и предупредуваат за напади.

Повеќе од 6.000 деца се меѓу 15.000 луѓе, досега убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа.

Според Регев, на крајот на војната, во споредба со Велика Британија и другите западни сили кои се борат против ИСИС во Ирак и Сирија, „сите ќе видат дека Израел успеал да го одржи нивото на цивилни жртви многу, многу ниско“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.