Официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, соопшти дека ракети „Калибар“ со висока прецизност, истрелани од брод уништиле складиште за муниција и оружје во близина на селото Велики Коровници во Житомирската област.
Во утринските часови на 25 март, високопрецизни крстосувачки ракети „Калибар“ испалени од морско пловило ја нападнаа базата за гориво во населбата Калиновка кај Киев. Уништена е најголемата база за гориво што им беше останата на украинските вооружени сили, од каде се снабдуваа воените единици во централниот дел на земјата – соопшти Конашенков.
Генерал Конашенков додаде дека последнава ноќ руските авиони и хеликоптери уништиле 51 воен објект во Украина.
Меѓу уништените објекти има два командни пунктови, три повеќецевни ракетни фрлачи, два противвоздушни ракетни системи „Бук М-1“ и еден радар за осветлување и наведување С-300 во регионот Днепропетровск, три артилериски оружја Д-30, два складишта за ракетно и артилериско оружје и муниција, како и 26 места со воена опрема – информира Конашенков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.