Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој не се појавуваше во јавноста повеќе од две недели, одржа работен состанок со воениот врв и изјави дека воената операција во Украина се изведува според планот, и покрај тешкотиите.

Во видео објавено од Министерството за одбрана, а пренесено на социјалните мрежи, Шојгу вели дека со Министерството за финансии разговарал за прашањата поврзани со воениот буџет и одбранбените наредби.

Одржавме состанок со Министерството за финансии за повеќе прашања во однос на извршувањето и буџетските обврски за оваа година и најважно за државната наредба за одбраната. И покрај тешкотиите што ги имаме, планот го исполнуваме. Продолжуваме да ја подобруваме набавката на оружје и опрема со кредитни средства. Приоритети се прецизното оружје со долг дострел, авионската опрема, како и одржувањето на борбената готовност на стратешките нуклеарни сили – порача Шојгу.

На состанокот се гледа дека присуствувале и голем број највисоки руски воени претставници, меѓу кои и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов, кој, исто така, од неодамна не беше појавен во јавноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.