Можно е руската војска да користи термобарски бомби врз фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол, изјави воен аналитичар за „Скај њуз“.
Форбс Мекензи, шеф на компанијата McKenzie Intelligence, рече дека некои сателитски податоци конечно пристигнале вчера, откако поради облачното време имало проблеми од 29. април наваму. Гледајќи ја сликата од фабриката, која покажува голема експлозија, Мекензи рече дека сателитската фотографија сугерира дека таму се користело термобарско оружје.
„Ова сугерира дека е користено термобарско оружје, дека е користено навистина гадно, забрането оружје“, посочи Мекензи.
Термобарските бомби користат кислород од околниот воздух за да создадат експлозија со висока температура.
Кремљ упорно негира дека руски војници упаднале во фабриката за челик „Азовстал“ во јужниот украински пристанишен град Мариупол, каде што се кријат украински борци и цивили.
За потсетување, синоќа командантот на „Азов“ изјави дека Русите уште еднаш извршиле акција во комплексот на челичарницата.
Пред тоа имаше известувања за силни бомбардирања на „Азовстал“, а сега се јавија сомнежи и дека Русите користеле термобарски бомби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.