Најмалку две лица загинаа кога 19-годишник почна да пука во толпа за време на матурска прослава во парк во Ричмонд, Вирџинија на која беа присутни стотина луѓе.

Како што соопшти привремениот шеф на градската полиција, Рик Едвардс, убиени се тинејџер на возраст од 18 години и 36-годишен маж кој присуствувал на церемонијата под отворено небо. Повредени се 14-годишно момче и четири лица на возраст од 31 до 58 години.

На „Твитер“ е споделено видео од моментот кога почнаа истрелите:


Полицијата првично приведе две лица, но подоцна порача дека едно од нив, сепак, не е вмешано во пукањето. Против осомничениот ќе бидат поднесени две кривични пријави за убиство од втор степен, додаде Едвардс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.