Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни би победил на евентуалните претседателски избори во Украина.

Според анкетата изработена од „Социс“, Залужни би добил двојно повеќе гласови од Зеленски доколку изборите се одржат сега.

Во првиот круг Залужни би имал 48,2% од гласовите, Зеленски 23,3%, поранешниот претседател Петро Порошенко 6,4%, додека поранешниот претседаел на државната Рада, Дмитро Разумков би имал 5,6% од гласовите.

Во таков случај, би имало втор круг од изборите, во кој Залужни би добил 67,5%, а Зеленски 32,5% од гласовите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.