Трошоците за печатење весници во Велика Британија нагло се зголемија поради недостигот на хартија и зголемените цени на енергијата, што ги натера сопствениците на печатените изданија да го намалат бројот на страници, објави „Блумберг“.

Според извештаите, трошоците за производство се зголемени за 200 отсто од почетокот на годината, додека испораките на дрва се намалени поради ограничувањата на извозот од Русија и Украина. Поради се тоа, цената на весниците достигна рекордни нивоа.

Британскиот медиумски холдинг „Reach Plc“, кој ги објавува популарните таблоиди како „Дејли мирор“ и „Дејли експрес“, го објави својот извештај за првата половина од годината, во кој се гледа дека прилагодената оперативна добивка паднала за 32 отсто во однос на истиот период лани. Главниот извршен директор на медиумскиот холдинг, Џим Мулен, признава дека настанала тешка ситуација за печатените медиуми.

Претходно британските печатачи предупредија на нагло зголемување на цената на хартијата поради енергетската криза.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.