Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби денеска најави дека следните денови ќе има нова американска помош за Украина.
Водени од желбата да им обезбедиме на (Украинците) средства неопходни за победа на бојното поле, веќе ветивме повеќе од 13 милијарди долари воена помош за украинските сили. Ќе продолжиме со нашата поддршка и во следните денови ќе објавиме поголема помош, истакна Кирби.
На Денот на независноста на Украина, 24 август, американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека Киев ќе добие американска помош во износ од речиси три милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.