Родители на 3-годишно невербално аутистично дете објавија видео на кое се гледа како вработен во американска образовна институција го удира нивниот син по глава, а потоа го носи низ ходникот држејќи го за нозете.
Танешиа Линдзи на нејзината страница на Фејсбук сподели безбедносна снимка од ходникот на Центарот за рано учење „Роза Паркс“ во Дејтон направена на 21 август. Таа вели дека директорот на училиштето првично ѝ рекол дека нејзиниот син Брајлен бил „врзан“ од член на персоналот, но снимките од безбедносните камери покажуваат сосема поинаква слика. По инцидентот, вработениот дал отказ.
На видеото се гледа како Брајлен трча низ ходникот. Вработениот најпрвин го брка, а потоа го удира со тупаница по главата, по што тригодишното дете паднало на земја. Потоа вработениот го носи Брајлен наопаку за глуждовите, пренесува „НБЦ њуз“.
Директорот не ни ја кажа целата вистина. Како што можете да видите, беше многу полошо од тоа“, вели Линдзи.
Адвокатот на родителите, Мајкл Рајт, изјавил дека училиштето го лажело семејството.
Тие не беа транспарентни и мора да сносат одговорност“, вели тој.
Линдзи изјавила дека морала да испрати три мејлови до училиштето пред да ѝ ја дадат снимката. Видеото го добила дури на 11 септември, три недели по инцидентот, но и тогаш не го добила во целост.
Зошто Брајлен бегаше од него? Можеби не беше разигран. Не знам. Не знам затоа што прекинаа дел од видеото“, им рекла мајката на новинарите.
Училишната област засега не го објавила името на вработениот. Семејството на тригодишното момче бара тој да биде уапсен и изведен пред лицето на правдата, но тие не планираат да го повлечат Брајлен од училиштето.
Тој му верува на својот учител. Сака да оди таму“, објаснила Линдзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.