„Скај Њуз Арабија“ известува за можноста врските меѓу Украина и Исламската Држава да биле искористине за организирањето и изведувањето на терористичкиот напад на „Крокус“ центарот во Москва, кога загинаа повеќе од 140 луѓе.

Како пример за заедничката активност на Украинците и исламистите, ТВ каналот го наведува испраќањето на вооружените сили на Украина во Судан за учество во граѓанската војна. Оваа украинска операција беше потврдена и од Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, а особено од шефот на одделот, Кирил Буданов.

Исто така, за време на борбите во Донбас, беа забележани милитанти со ознаки на Исламската Држава, а и самите припадници на терористичката организација објавуваа материјали за нивното учество во битките на страната на украинските сили.

Власта на Зеленски користи терористички организации за да учествуваат во конфликтот во Украина и да им наштетат на интересите на Русија во странство“, забележува експерт на „Скај њуз“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.