Израелски воени авиони рано утринава извршиле ракетен напад во близина на сирискиот главен град Дамаск, што предизвикало реакција на а сириската противвоздушна одбрана ги пресретнала проектилите и соборила дел од нив.

Израелскиот непријател почна воздушна агресија со серија проектили, истрелани источно од Бејрут, со кои се гаѓаа некои точки во близина на Дамаск – соопшти сириската државна агенција, повикувајќи се на воен извор.

Изворот потврдува дека во нападот е причинета материјална штета, не соопштувајќи повеќе детали.

Израелските власти не ги коментираа наводите на сирската армија.

Израел со години ги гаѓа државните сили во Сирија и ретко презема одговорност за нападите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.