Шестгодишниот Зохар, син на американскиот рапер Фло Рида, итно бил префрлен во болница откако паднал од прозорец од петтиот кат на зградата во која живеел со неговата мајка.
Инцидентот се случил на почетокот на март, но дури сега е објавено во јавноста, откако ТМЗ дојде до правните документи на мајката Алексис Адамс, која овој понеделник поднела тужба против различни субјекти за кои тврди дека се одговорни за падот на нејзиниот син од зградата во Џерси Сити. Меѓу обвинетите има градежна фирма и фирма за монтажа на прозорци.
#njmornings 6-year old son of rapper @official_flo hospitalized with serious injuries after falling from a 5th floor #JerseyCity apartment in early March. The child’s mother has filed a lawsuit claiming building equipped with windows that posed a hazardous condition. @News12NJ pic.twitter.com/Ahc9LiCjci
— Tony Caputo (@TonyCaputo) March 30, 2023
Фло Рида не е вклучен во тужбата, а во 2018 година бројни портали пишуваа дека Фло Рида не го ни запознал синот Зохар.
Во документите, Алексис истакнува дека невниманието на обвинетите довело до тоа Зохар да падне од прозорецот на петтиот кат на бетонскиот коловоз, стекнувајќи се со сериозни повреди. Детето наводно го повредило црниот дроб, белите дробови, има тешки скршеници на стапалото и карлицата, а имало и внатрешно крварење.
Алексис прстот го вперува кон „решетките со несоодветна големина“ на прозорците, а за News12 изјавила дека е целосно уништена од тоа што се случило, додавајќи дека „ова е кошмар“. Алексис сега бара отштета, вклучително и пари за покривање на медицинските трошоци на Зохар, бидејќи наводно раперот не се погрижил за сметките и нема платено алиментација со години.
По обвинувањата од јавноста, Фло Рида преку инстаграм-стори им се заблагодари на „сите се грижат и молат за неговиот син“ и нагласи дека тој ја добива „најдобрата можна медицинска грижа“.
Стивен Хадад, адвокатот на мајката за TMZ вели дека Зохар паднал од висина од најмалку 15 метри и лекарите велат дека е чудо што преживеал. Тој рече дека Зохар ќе мора повторно да научи да оди.
Се уште е во гипс и едвај се движи, што е тешко за шестгодишно дете, додаде тој.
Хадад вели дека лекарите не знаат кога Зохар ќе биде пуштен на домашно лекување, но нагласува дека неговата мајка Алексис била покрај него секој ден во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.