Норвешката полиција денеска соопшти дека 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен поради сомневање за силување.

Во соопштението на полицијата се наведува дека Мариус Борг Хојби, кој е син на принцезата од нејзина врска пред таа во 2001 година да се омажи за престолонаследникот Хакон во 2001 година, бил уапсен синоќа.

Тој е осомничен за кршење на кривичниот закон поврзан со „сексуален однос со лице кое е во несвест или од други причини не може да се спротивстави“, се вели во соопштението.

Она што полицијата може да го каже за силувањето е дека тоа е сексуален чин без сексуален однос. Жртвата, како што се тврди, не била во состојба да пружи отпор, додаваат од полицијата, пишува „Дејли мејл“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.