Додека израелски резервисти одат во војска за да се борат во појасот Газа, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Јаир Нетанјаху, ги минува деновите во луксузен стан во близина на Мајами.

Дејли мејл“ објави фотографии од 32-годишниот Јаир Нетанјаху како се релаксира во стан изнајмен за 5.000 долари месечно. Додека е во САД, Јаир го чуваат припадници на израелската служба за безбедност Шин Бет.

Фото: Дејли мејл

Зградата во која се наоѓа апартманот е сместена веднаш до терен за голф и на околу 15 минути пешачење од плажа. Самиот комплекс има тениски терени, спа центар, соба за игри, приватно кино, винарска визба…

Фото: Дејли мејл

Помладиот Нетанјаху е познат по своите екстремно десничарски ставови и агресивното однесување на социјалните мрежи, поради што во неколку наврати се најде на суд. Сепак, акко што пишува британскиот весник, наместо да служи како резервист во Појасот Газа, Јаир одлучил да остане на Флорида.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.