Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погодил северниот дел на Филипините, соопшти Геолошкиот институт на САД (УСГС).
Очекуваме материјална штета, изјави сеизмологот Чарм Виљамил.
Земјотресот што се случил во 22:59 часот по локално време во близина на градот Долорес бил почувствуван и во главниот град Манила, кој е оддалечен повеќе од 330 километри.
Персоналот на Меморијалната болница Маријано Маркос со 200 кревети во градот Батац, на околу 60 километри од епицентарот, ги евакуирал пациентите.
На фотографии објавени на социјалните мрежи се гледаат урнати тавани во некои болнички соби.
Во јули, земјотрес со јачина од 7 степени во истиот сектор предизвика лизгање на земјиштето во планинска област при што загинаа 11 лица, а стотици беа повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.