Руските сили ја продолжуваат офанзивата и напредуваат во правец на стратешки важните украински градови Бахмут и ​​Авдијивка во источниот регион Донбас, објави украинскиот гувернер на регионот Доњецк, Павло Кириленко.

Гувернерот објави дека во текот на вчерашниот ден, во нападите на Бахмут загинал еден цивил.

Русите ќе одговараат за сите злосторства направени во нашата земја, напиша Кириленко на Телеграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.