Маж си убил девојка бидејќи дознал дека абортирала. Станува збор за Харолд Томпсон (22) од Тексас кој ја застрелал Габриела Гонзалес (26) на паркинг, откако не му успеал обидот да ја задави.
Убиената девојка во средата се сретнала со нејзиното момче на паркинг во Далас. Таа се вратила од Колорадо претходната вечер.
Се верува дека осомничениот бил татко на детето. Осомничениот не сакал (Гонзалес) да абортира, велат од полицијата. Има и снимки од надзорните камери од паркингот, пишува „Гардијан“.
На видеото се гледа како Томпсон вади пиштол и ѝ пука на девојката во глава. Гонзалес потоа паѓа на земја и Томпсон пука во неа уште неколку пати пред да побегне од местото на настанот. Тој беше уапсен подоцна истиот ден и се наоѓа во затвор во Далас без можност за кауција.
На местото на настанот била и сестрата на убиената, која слушнала пукање. Друг сведок видел дека Томпсон се обидува да ја задави Гонзалес, а таа не можела да повика полиција бидејќи немала мобилен телефон. Во моментот на убиството, Томпсон веќе се соочувал со обвинение за напад на член на семејството.
Тексас ги забрани абортусите по шест недели бременост во септември 2021 година.
Сепак, абортусите во Тексас се речиси целосно стопирани откако Врховниот суд на САД гласаше за поништување на Ро против Вејд, со што се легализираше абортусот на национално ниво. Споменатата одлука е донесена минатото лето, а после тоа абортуси во Тексас се прават само во случаи кога животот на трудницата е во опасност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.