Десничарскиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро, на синоќешната прес-конференција го исмеа украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека „украинскиот народ ги ставил своите надежи во рацете на комичар“.

Болсонаро одби да ја осуди руската инвазија на Украина. Тој рече дека Бразил ќе остане неутрален во конфликтот, додавајќи дека „Бразил и Русија се практично братски нации“.

Нема да заземаме страна, ќе продолжиме да бидеме неутрални и да помагаме со се што е потребно. Голем дел од украинското население зборува руски, рече Болсонаро.

Бразилскиот претседател додаде дека разговарал со Путин два часа, но бразилскиот министер за надворешни работи подоцна рече дека Болсонаро всушност зборувал за посетата на Москва претходно овој месец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.