Руската авијација извојува надмоќ на воздух низ цела Украина. Ова го соопшти официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.

„Руската авијација извојува надмоќ во воздухот на целата територија на Украина“, се вели во извештајот.

Забележано е дека во текот на изминатиот ден руските воздушни сили уништиле осум борбени возила Бук М-1, системи за воздушна одбрана С-300 и Бук М-1, како и четири борбени авиони на земја и еден во воздух.

Вкупно, од почетокот на специјалната операција за заштита на Донбас, руските сили погодија 1.114 објекти на украинската воена инфраструктура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.