Шведските власти ги предупредуваат граѓаните да бидат поподготвени од кога било за војна. Шведска и Финска, познати по својата неутралност, најавија дека ќе влезат во НАТО во мај 2022 година како одговор на руската инвазија на Украина. Финска веќе се приклучи на алијансата, но кандидатурата на Шведска наиде на пречки од Турција и од Унгарија. Сепак, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, минатата недела изјави за германската новинска агенција ДПА дека Шведска ги направила сите неопходни отстапки, предвидувајќи дека земјата ќе биде одобрена како 32-ра членка на НАТО до следниот самит, закажан за јули во Вашингтон.

Меѓутоа, шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин во неделата, за време на годишната конференција во Сален, издаде предупредување до граѓаните, кое гласи: „Подгответе се за војна“.

За нацијата на мирот стана поопасно од кога било. Многумина го кажаа тоа пред мене, но дозволете ми да го кажам во официјално својство, сосема јасно: Може да има војна во Шведска, изјави Карл-Оскар Болин.

Болин рече дека неговите зборови немаат за цел да предизвикаат страв, туку да создадат „свест за ситуацијата“. Тој, исто така, истакна дека Украинците веројатно мислеле дека нивните конфликти со Русија се минато сѐ додека претседателот Владимир Путин не одлучил нелегално да го анектира Крим во 2014 година, а потоа да изврши целосна инвазија на земјата 8 години подоцна.

Социјалната отпорност го бара токму тоа: свесност за состојбите – свест кај поединечните граѓани, вработени, претприемачи и носителите на одлуки во јавната администрација. Но, не е доволно само да се размислува за ова прашање. Цивилната одбрана не е првенствено теоретска вежба. Свеста мора да се преточи во практична акција, мерки, истакна Болин.

Шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон го издаде истото предупредување, велејќи дека војните во Украина и на Блискиот Исток покажуваат дека „светот станал поопасен отколку пред само една година“.

Тој, исто така, ја наведе „неизвесноста“ за насоката што ќе ја преземат САД по изборите во 2024 година.

Не може да се исклучи оружен напад врз Шведска. Војната може да дојде кај нас. Овие сериозни времиња бараат јасност на визијата, способност за дејствување и истрајност – јасност на визијата за да се разбере дека целта на Русија останува искоренување на слободна Украина и создавање на Европа каде што „моќта е во право“ со тампон држави и сфери на интерес. Ова веќе го доживеавме во минатото. Не смееме да се враќаме таму и да ги оставиме нашите деца да растат во таква Европа, рече Џонсон.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.